Македонија ЃП денеска ги пушта во продажба билетите за мечот со РФС во квалификациите во ЛК!

296

Македонија ЃП, актуелниот освојувач на Купот на Македонија, и ова лето ќе настапи во квалификациите во Лигата на Конференции. Првиот меч од 1.квалификациско коло тимот од Ѓорче ќе го одигра во четврток (13 јули) и тоа на тренинг цеентарот на ФФМ “Петар Милошевски“ во Скопје против тимот на РФС од Летонија.

Натпреварот започнува во 17:30 часот, а од денеска сите заинтересирани ќе можат да се купат билет за овој меч и да навиваат за “лавовите“. Билетите по цена од 200 денари ќе можат да се купат онлајн преку “Karti.com.mk“, но и на продажните места во Сити Мол и Влае.

ПретходноИма ли некој да го сопре овој човек: Новак убедлив против Вавринка за пласман во 1/8 финалето!
СледноЃоковиќ по провокациите од публиката: Не те слушам „мајсторе“ (ВИДЕО)