Француската сензација дебитираше во дресот на Сан Антонио, но не се прослави (ВИДЕО)

200

Францускиот кошаркар, кој беше прв пик од последниот драфт, го одигра првиот натпревар за новиот клуб.

Очите на кошаркарскиот свет синоќа беа вперени кон француската сензација Виктор Вембанјама, но љубителите на овој спорт ќе мора да бидат трпеливи додека високиот Французин не го покаже најдоброто.

Во првиот натпревар за Спарс, најблаго кажано, тој не се прослави. Сан Антонио го совлада Шарлот со 76-68, а францускиот кошаркар погоди само два шута од 16 обиди (една двојка и една тројка, и 4/4 од линијата за слободни фрлања), запиша девет поени.

ПретходноГолем ден за Словенецот: Среќниот број на Дончиќ и надвор од теренот!
СледноАрсенал можна опција за Мбапе?