Во дуел одигран на стадионот Борис Трајковски во Скопје, тимот на Вардар го совлада второлигашот Тетекс со конечни 3:0.
На првиот подготвителен меч летово, „црвено – црните“ одиграа добро, забележаа рутинска победа и покажаа дека головите барем ако се суди по овој дуел нема да се проблем.
Погодија Николовски, Здравковски и Жоглев, а домашните промашија уште неколку можности, па резултатот можеше да биде и поинаков.