Американците на пенали изборија полуфинале во Голд Купот (ВИДЕО)

162

Фудбалската репрезентација на САД ја победи Канада по подобро изведување на пеналите и се пласираше во полуфиналето на Голд Купот. Американците одиграа 2-2 во регуларниот дел од мечот со Канаѓаните, но беа подобри „пеналџии“ и на крајот со 3-2 обезбедија место во битката за медали.

Головите за Американците ги постигнаа Брендон Васкез и Скот Кенеди (автогол), додека за Канаѓаните реализираа Стивен и Џејкоб Шафелбург.

Во полуфиналето на Голд Купот селекцијата на САД ќе се сретне со Панама која го победи Катар (4:0). Во второто полуфинале Јамајка ќе игра против Мексико.

ПретходноДембеле не сака да биде замена за Мбапе во ПСЖ
СледноВембањама покажа зошто е прв пик: 27 поени на вториот меч во летната НБА лига