Мегваер остана без лентата: Можеби нема да си замине, ама капитен нема да биде сигурно

212

Можеби летово нема да си замине од „Олд Трафорд“, но во новата сезона сигурно нема да биде капитен. Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед во новата сезона ќе има нов капитен на местото на Хари Мегваер.

Островските медиуми пренесуваат дека Ерик тен Хаг пред почетокот на подготовките дефинитивно одлучил англискиот репрезентативец да не ја носи лентата и следнава сезона. Клубот се обидува да го продаде стоперот, што оди доста тешко, а Мегваер вториот дел од минатата сезона го мина најмногу на клупата за резерви.

Улогата на капитен ќе ја добие играчот од средниот ред Бруно Фернандеш, кој во изминатите месеци ја извршуваше оваа улога како заменик.

ПретходноСтружани од синоќа се во Виљнус, попладне ги очекува тренинг на “ЛФФ“ стадионот!
Следно„Ла Република“: Милинковиќ-Савиќ му кажа „ДА“ на Ал Хилал