Леонардо: За доброто на ПСЖ веднаш продадете го Мбапе, тој не е никаков лидер!

211

Поранешниот спортски директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, ја повика управата на парижаните да ја продаде ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе. Французинот пред извесно време даде интервју со кое ја „вжешти“ ситуацијата во клубот, а некои од играчите дури и му се пожалија на сопственикот Ал-Келаифи.

„За доброто на ПСЖ, мислам дека дојде време Мбапе да си замине, што и да се случи. Пари Сен Жермен постоеше пред Килијан Мбапе, ќе постои и по него. Тој е во Париз шест години, во тие шест сезони пет различни клубови ја освоија Лигата на шампионите (Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн Минхен, Челзи и Манчестер Сити) и во ниту еден од нив не беше Мбапе. Тоа значи дека можете да го освоите овој турнир и без него“, изјавил Леонардо.

„Со своето однесување во последните две години, Мбапе покажа дека се уште не е способен да биде лидер. Тој е одличен играч, но не и лидер. Тој е одличен стрелец, но не и асиситент. Околу него тешко можеш да изградиш тим“, додаде Леонардо.

ПретходноВембањама покажа зошто е прв пик: 27 поени на вториот меч во летната НБА лига
СледноАл Итихад му нуди 100 милиони евра на Погба за преселба во С. Арабија