Црн ден во ракометот: На 50-годишна возраст почина Горан Станковиќ

1070

Македонскиот ракомет е завиен во црно. По тажната вест за прерано згаснатиот живот на 19-годишен ракометар на РК Аеродром, Андреј Петрески, уште трагедија го потресе македонскиот спорт.

На 50-годишна возраст почина, Горан Станковиќ. Станува збор за поранешен ракометар и ракометен работник. Тој долги години беше дел од раководството на Јуниор Кисела Вода, а љубителите на ракометот го препознаваа по неговиот глас, беше најавувач на натпреварите на Металург во Автокоманда и во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноБарселона се откажа од Нејмар за да не им прави проблеми во соблекувалната
СледноДобра вест за шампионот: Македонските клубови не знаат што е елиминација од литванските, имаме три од три!