ПАОК потпиша со фудбалер на Челзи

352

Грчки ПАОК го претстави новиот лев бек Абдул Рахман Баба. Тој го раскина договорот со Челзи и премина како слободен фудбалер во клубот од Солун со договор до 2025 година. За Ганецот ова е втор престој на „Тумба“. Тој беше под наем во солунскиот тим во втората половина од сезоната 2020/21 кога одигра 13 натпревари во грчкото првенство.
Баба е поранешен фудбалер на Гројтер Фурт и Аугзбург, а во 2015 година Челзи го купи за 14 милиони фунти. Африканецот не успеа да се наметне, па беше позајмуван во Шалке, Ремс, Мајорка, ПАОК и Рединг.

ПретходноДе Лаурентис ја одреди цената на Осимен: Само ПСЖ може да си го дозволи
Следно„Пред три години сакав да се откажам од фудбалот, а сега сум во Бенфика!“