ЕП У-19: Македонија водеше на полувреме, но на крај сепак пораз од Норвешка!

93

Нашата млада ракометна женска селекција денеска на ЕП за ракометарки до 19.години забележа нов пораз, и тоа од Норвешка со 23:29 (11:19). Интересно е тоа што нашите млади ракометарки одиграа одлично прво полувреме против соодветната селекција на Норвешка и овој период од мечот го добија со два разлика, 11:9.

Иамвме одличен старт со 2:0, па и 3:1. Навистина одигравме квалитетно. Но во вториот дел дојде до пад на концентрацијата, а и противникот заигра многу подобро, вториот дел Норвешка го доби со 20:12.

Ова беше меч од разигрувањето за пласман на ова ЕП за 9 до 16 место.

Најефикасна во нашите редови беше Јанкуловска со девет погодоци, додека кај победничкиот состав, Гронстад реализираше шест погодици.

ПретходноСтартуваат квалификациите за ЛШ: Неколку дебитанти, неколку интересни мечеви
СледноГостивар се засили со играч за врска од Нигерија