Младата У20 кошаркарска репрезентација на Македонија денеска го игра најважниот меч од групната фаза од Европскиот самит кој се игра во Скопје. Во рамките од третото коло за нас следува најтешкиот ривал и ситуација да се биде или не. Од 18:30 го играме дуелот против Бугарија, кој директно одлучува дали ние ќе се приклучиме во следната фаза и ќе одиме во битката за медалите.
Досега Македонија одигра два меча, победи против Словачка, а загуби против Чешка. Бугарија пак, одигра три дуели и ги доби сите, што значи дека денеска избраниците на селекторот Никола Василев ги чека сериозна задача.
Но во мака се познаваат јунаците, вели старата наша поговорка, па така нека биде и овојпат. Нашите млади кошаркари знаеме дека имаат капацитет да се справат со предизвикот, и сигурни сме дека ќе го сторат тоа. Бараат поддршка од трибините, за кои исто така сме сигурни дека ќе биде голема, а со полна сала паѓале и далеку потешки противници од Бугарија.