Американската спортска телевизија „ESPN“ му додели една од своите годишни награди „ESPYS“ на Никола Јокиќ во категоријата најдобар НБА играч.
Србинот зад себе ги остави МВП на регуларниот дел од сезоната Џоел Ембиид и Џејсон Тејтум.
Јокиќ го предводеше Денвер до првото место на Западот. На крајот од регуларниот дел од сезоната му фалеа 0,2 асистенции за да има трипл-дабл просек. Во плеј-офот стигнаа до самиот крај, Јокиќ беше прогласен за МВП на финалето и стана првиот кошаркар кој е број еден во целиот плеј-оф по поени, скокови и асистенции.
Најмногу „ESPYS“ награди во таа категорија освои Леброн Џејмс, дури седум пати.
Nikola Jokic is taking home the award for the ESPYS Best NBA Player 🏆 pic.twitter.com/6Q914mWGlA
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) July 11, 2023