Македонија ЃП утре од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на комплексот на ФФМ во Скопје го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Македонскиот тим за против го има РФС од Рига, Летонија.
Горан Симов на денешната прес-конференција најави дека се подготвени да го дадат максимум, но и да стигнат до добар резултат.„Сакам најпрво да им посакам среќа на сите македонски претставници во Европа, за што поуспешни резултати ова лето.
Што се однесува до противникот, многу се дисциплинирани како војници. Исто така имаат квалитетни поединци, но секако имаат и слаби страни. Мора да сме мудри сконцентрирани да знаеме што сакаме.
Ќе видиме како ќе бидат условите, имаме повеќе варијанти спремни сме сакаме да го добиеме мечот, ќе дадеме свој максимум и ќе се обидеме да му го нанесеме првиот пораз на противникот во 2023 година. Овој период повеќе работевме на тактичкиот план, со цел да подобриме некои сегменти од играта кај кои утврдивме недостатоци. Подготвени сме, имаме огромна желба и сакаме да победиме, но не се прашуваме само ние“, изјави предводникот на Македонија Ѓ.П.