Маратонецот Илиевски единствен Македонец меѓу 15 учесници на 69. маратон во Квебек

225

Нашиот маратонец Александар Илиевски се најде меѓу одбраните учесници на еден од најпрестижните светски пливачки маратони, „Ст. Жан“ во Квебек, Канада. Илиевски е во листата на пријавени учесници за настап на традиционалното 69. издание на маратонот кој е во должина од 32 километри.

Организаторите деновиве потврдија дека на престижната маратонска трка ќе настапи и еден од најдобрите пливачи на отворени води Французинот Аксел Рејмонд, двоен светски шампион на трки на 25 километри.

Во 2017 година во Будимпешта и во 2019 година во Гвангжу, Аксел Рејмонд ги освои врвните почести на Светското првенство во пливање во отворени води на 25 километри.

Конкуренцијата за првото место ја засили и светскиот вицешампион од2017 година, Италијанецот Матео Фурлан, како и уште еден Италијанец, бронзениот медалист на 25 километри од 2019 година, Алесио Очипинти.

Вкупно 24 пливачи ќе учествуваат наа ова 69-то издание, меѓу кои 15 мажи и 9 жени од 8 земји меѓу кои и Македонија. Трката е закажана на 29 јули.

ПретходноСошо исфрлен од француската Лига 2
СледноАмар Хот пред четвртфиналето: Мислиме на борба за медал, мораме уште посилно