Некогашниот македонски младински репрезентативец, а од летово и интернационалец Александар Мишов и официјално е претставен како нов член на тимот на Самтредиа, прволигаш од Грузија.
Сега веќе екс напаѓачот на Тиквеш се пресели во Грузија, и ја искачи својата кариера на ниво погоре. Шампионатот на Грузија воопшто не е едноставен за играње, напротив е доста квалитетен но сме сигурни дека Мишов токму таму ќе го покаже својот квалитет и потенцијал.