Искусниот напаѓач, Марјан Алтипармаковски својата кариера ќе ја продолжи во Србија, поточно во тимот на Раднички Белград. Досегашниот играч на Брегалница прави уште еден инернационален излет, еден од многуте во неговата досегашна богата кариера.
Алтипармаковски кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, e својот фудбалски пат го започна во Пелистер, за да потоа замине во Ксанти, Панилиакос, Работнички, Интер Запрешиќ, Судува, Сараево, Лаци, Пирин, Струга и Брегалница.
Раднички е тим кој има сериозни амбиции следната сезона и има потреба од искусни и проверени играчи.