Трендот на сериозно квалитетни но пред се искусни фудбалски звезди кои летово се упатуваат кон Блискиот исток продолжува. Капитенот на Ајакс, Србинот Душан Тадиќ побарал раскин на договорот со легендардниот клуб, чиј што капитен е во моментов, со причина дека воопшто не е задоволен како се води клубот периодов. Ајакс има проблеми поради необезбедувањето на Лигата на Шампионите, што ќе чини минус од десетици милиони евра во касата, а плус летово не беа доведени адекватни засилувања.
Токму затоа, 34. годишниот Тадиќ решава да си замине, но ова според медиумите е само првичната причина. Она задскриената е секако богатата понуда која што на маса ја има од клуб од Саудиска Арабија, и кој му нуди милионски договор.
Еден србин веќе замина на Блискиот исток, а тоа е Сергеј Милинковиќ Савиќ кој стана дел од тимот на Ал Хилал.