Маркета Вондроушова е новата шампионка на Вимблдон

208

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова ја победи Онс Жабер во финалето на Вимблдон во женска конкуренција. Во мечот кој траеше релативно кратко, само час и 20 минути, чешката тенисерка славеше со идентички 6;4 во двата сета.

42. тенисерка на ВТА листата никогаш досега нема триумф на Грен Слем турнир и за неа ова е првиот голем трофеј во кариерата. 24-годишната Вондроушова годинава ниту еднаш не дозволи да загуби од 28-годишната Жабер, која втора година по ред не успева да го освои Вимблдон. Тунижанката минатото лето исто така загуби во финалето. Тогаш подобра од неа беше Елена Рибакина.

ПретходноПорази на македонските двојки на првиот ден од БП во одбојка на песок во Штип
СледноДобринко Илиевски е нов тренер на второлигашот Осогово