Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се избори за место во финалето на ИТФ Фјучрсот кој се игра во Рим за награден фонд од 60.000 долари. Во денешното прво полифинале, по голема борба, Ѓорческа загуби од втората фаворитка на турнирот, Кипранката Ралука Сербан во три сета со 1:2 (7:5, 4:6, 4:6).
Лина успеа да го добие првиот сет по тешка борба која траеше еден час, а потоа дозволи уште на стартот на вториот сет Кипранката да се одлепи (1:4), по што беше тешко да се бори за освојување на сетот.
Во третиот сет видовме најголема борба. Истиот траеше повеќе од еден час, но иако имаше неколку можности да израмни на 5:5, Лина дозволи Сербан да го освои десеттиот гејм во сетот и со 6:4 да се избори за конечна победа.