Во денови кога од Вардар доаѓаат убави вести и полека тимот почнува да прави важни чекори во обидот да се врати организациски на старите патеки, доаѓа една неубава информација.
На последниот тренинг на „црвено-црните“ пред заминувањето за Златибор дошло до инцидент.
Според „sportmania.al„ Владица Брдаровски бил нападнат од навивачи на „Комитите“. Овој медиум отриква еден од главните навивачи влегол на тренингот на фудбалерите на Вардар и го удрил Брдаровски бидејќи десниот дефанзивец во последните години го носел дресот на Шкупи.
Останува да видиме дали Вардар ќе се огласи, дали навистина се случил ваков инцидент, дали се дозволило дел од навивачите да се пресметуваат со играчите кои и во тешките денови се обидуваат да го вратат „црвениот-црниот“ тим на ниво погоре.