Црвена Звезда ја најде замената за Кампацо

479

Кошаркарскиот клуб на Црвена Звезда се пофали со новитет од САД. Се работи за Шабаз Нејпиер, кој игра на плејмејкерската позиција и кој е директна замена за Факундо Кампацо кој го напушти Белград летово.

Нејпоер беше 24. пик на драфтот во 2014 година и играше за екипите на Мајами, Орландо, ПОртланд, Бруклин, Минесота, а во Црвена Звезда доаѓа од екипата на Милано.

Црвена Звезда летово се засили уште и со Дејан Давидовац, Адан Ханга, Рокас Гидраитис, Марко Симоновиќ, Милош Теодосиќ и Мајк Тоби.

 

ПретходноБП во одбојка на песок: Македонија без победа, вечерва битка за медали
СледноЛуис Енрике подготви список за бркање: ПСЖ мора да продаде 10 фудбалери!