Нејпир oсмо засилување за Звезда и замена за Кампацо

448

Довчерашниот плејмејкер на Олимпија од Милано, Шабаз Нејпир е нов член на Црвена Звезда. Тој е осмото засилување за клубот ова лето, едно од најзвучните после Милош Теодосиќ и Адама Ханга како и миленикот на публиката Дејан Давидовац. Во Звезда пристигнаа уште Марко Симоновиќ, Мајк Тоби, Џоел Болмбој и Рокас Гедраитис.
Нејпир беше главен двигател на играта на Олимпија минатата сезона која стигна до пласман во четвртфиналето на Евролигата после тапкање при дното на табелата. Нејпир, кој е роден во Бостон има искуство во НБА лигата, со преку 350 настапи бранејќи ги боите на Вашингтон, Минесота, Бруклин, Портланд, Орландо и Мајами.
Не заигра за Зенит од Санкт Петербург поради повреда на лигаменти, а по почнување на војната во Украина тој си замина.
Звезда, сепак, не ја заврши реконструкцијата на тимот затоа што планира уште засилувања.

ПретходноПРИНЦОТ го урна КРАЛОТ: Новак не е непобедлив, Карлитос дојде до првиот трофеј на Вимблдон!
СледноНовак на колена: Ова е шампионскиот поен на Алкараз! (ФОТО+ВИДЕО)