Српскиот кружен напаѓач Владимир Јевтиќ и во претстојната сезона ќе ги брани боите на Бутел Скопје. Јевтиќ потпиша нова соработка и одново ќе биде еден од столбовите на одбраната и важните алки во нападот. Тој ги брани боите на Бутел Скопје од 2021 година.
Претходно дојдоа тренерот Горан Кузманоски, како и бековите Марко Стојанов и Лука Иваниќ, голманот Александар Стојаноски и десното крило Дамјан Георгиев. Договорите беа продолжени со бековите Стефан Крстевски, Димитар Ѓоргиевски и Кристијан Давитковски, како и со голманот Бојан Блажески.