Падна митот дека Манчестер Сити во сите сегменти на фудбалот е нај, нај. Иако пред нешто повеќе од еден месец стана за првпат во својата историја европски првак, “граѓаните“, барем според “Трансфермаркт“ не се веќе највредниот или најскапиот тим во свето. Познато е дека си заминаа неколку познати играчи, а ќе се изненадите кој клуб го претекна составот на Пеп Гвардиола.
Тоа е Арсенал, кој ова лето и тоа како купуваше, како Деклан Рајс на пример, па сега “топчиите“ вредат 1,21 милијарди евра, додека Сити “само“ 1,19 милијарди евра.
Следува ПСЖ, па Реал Мадрид, Баерн Минхен…
Во продолжение можете да ја видите листата на најдвредните 20 клубови според „Трансфермаркт“: