Навреден од фактот дека и официјално не е веќе капитен на Манчестер Јунајтед, а и тоа дека клубот по секоја цена сака да го продаде, Хари Мегваер повлекол очајнички потег. Имено тој, се разбира преку своите менаџери, им се понудил на три клуба од С. Арабија, и сите го одбиле.
Сега нели модерно е да направиш трансфер со цел својата банковна сметка да ја зголемиш, тоа важи за сите познати фудбалери, но не и за несреќниот Мегваер.
Ова доаѓа откако репрезентативецот на Англија и довчерашен капитен на Јунајтед, направи толку киксеви, па така сега и фановите од “Олд Трафорд“ не можат да го смислат.