Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш е само еден од низата врвни фудбалери кои летово се соочија со богати понуди од Саудиска Арабија.
За разлика од голем број играчи, Фернандеш одлучи да ги одбие и реши да остане во Манчестер Јунајтед и во сезоната 2023/24, да биде предводник на тимот кој ќе се бори за трофеи.
Бидејќи Хари Мегваер веќе ја загуби капитенската лента, Англичаните пишуваат дека Ерик тен Хаг решил да ја префрли во рацете на Фернандеш, кој одбил најмалку три понуди од тимови од Блискиот Исток.
Фернандеш беше втор капитен на клубот некое време, но ја носеше лентата во поголемиот дел од минатата сезона бидејќи Мегваер ретко беше на теренот.
Откако дојде во Манчестер од Спортинг, тој постигна 64 гола на 185 натпревари за „црвените ѓаволи“.