Силекс во пријателски меч ја победи Стеауа Букурешт!

776

Попладнево во Банско (Бугарија), Силекс во пријателски меч славеше против Стеауа Букурешт со 2:1. Стрелци на головите за кратовци беа Ристовски во 32.минута и Каланоски од пенал во 75.минута. Интересно, тимот од Романија имаше водство со голот на Сиера Роберто во 15.минута.

Ова беше уште една проверка на моменталната форма на своите момци во текот на овие подготовки, а во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ.

ПретходноПОТВРДЕНО: Рашфорд во Манчестер Ј. до 2028 година
СледноГостивар се засили со уште еден Американец – Монтре Гипсон