Македонската ракометна репрезентативка Елена Ѓоргиевска заминува од романската екипа Магура Циснадие во која настапуваше во последните две сезони и кариерата ја продолжува во Турција.
Ѓоргиевска следната сезона ќе го носи дресот на победникот на ЕХФ Куп, турскиот тим Коњалти Анталија, каде веќе настапуваат уште две македонски репрезентативки, Моника Јанеска и Ивана Гакидова.
33-годишниот бек останува во дресот на Коњалти да ја врати препознатливата форма.