Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски денеска со својот Динамо и на својот Максимир од 20:00 часот ја отвораат ХНЛ сезоната против вечниот ривал Хајдук.
Овие два ривала веќе сезонава одиграа еден дуел, оној од Суперкупот на Хрватска кој Динамо го доби и автоматски го освои трофејот.
Секако, важен е и вечерашниот меч, за да се отвори сезоната како што треба и од старт да се има предност пред најголемиот ривал. Динамо секако, ја брани титулата од минатата сезона.
Во Хајдук сезонава немаме наш претставник, а последен кој играше за гигантот од Сплит беше Јани Атанасов.
Сепак, последната информација е дека во Загреб пристигнува ново невреме, слично на она кое се случи пред неколку дена па доколку навистина временските услови се влошат до таа мера, дербито може да биде и одложено