Уште една потврда зошто Лео Меси е нај, нај….најдобриот на сите времиња. Иако речиси без тренинг, тој имаше перфектно деби во дресот на Интер Мајами, зачинеато со магичен гол со што ги фрли во екстаза сите фанови на клубот од Флорида, а посебно фановите на Интер Мајами.
На мечот против Круз Азул, и тоа во Лига Купот на Северна и Средна Америка, резултатот во таа 94.минута беше 1:1, но со слободен удар за Интер Мајами. Се разбира кој друг ако не Лео, негова магија и перфекција од гол. Гол за победа, гол за “експлозија“ на трибините, гол за солзи на Дејвид Бекам во ложата. Се разбира дека и Лео беше пресреќен, и тоа како го прослави еден од своите најубави голови во кариерата.
Да кажеме дека тој во игра влезе во 54.минута.
Нема што, Меси ќе ги “запали“ и САД, се разбира фудбалски…
El primer gol de Messi con Inter Miami 🤯🤯👏👏
Messi scores in his first match with the club to give us the lead in the 94th minute. pic.twitter.com/pI7bYjEK63
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 22, 2023