Леонардо Антонио (26) е најновото име во редовите на Брера Струмица. Како што објавива утринава на своите социјални мрежи, струмичани ангажирале Бразилец кој досега играл за тимот на Лвов од Украина, а претходно настапувал и за составот на Џиугас Телсаи од Литванија.
Лео може да игра како централен стопер, но може успешно да одговори на задачите и како последен играч за врска.
Инаку да кажеме дека вчера во Банско, Брера Струмица одигра уште еден пријателски меч и тоа против Алтин Асир од Туркменистан, резултатот беше 0:0.