Aлкараз во двојка со Надал на ЛОИ Париз 2024?

273

Светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз вели дека би сакал да игра во двојка со Рафаел Надал на Олимписките игри во Париз следната година.

Алкараз како главни ривали во блиска иднина ги спомена Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, како и Надал.

„Несомнено Рафа ќе биде таму, се надевам дека ќе можам повторно да играм со него. Ми прати СМС пред финалето на Вимблдон, ми посака среќа. Го ценам тоа. Тој е мојот пример од детството, тој се уште е мој пример“, вели 20-годишниот Алкараз и додава:

„Би било остварување на сонот да играме во двојки во Париз. Не само да освојам медал во сингл или во двојки, туку само да го живеам тоа искуство на играње со мојот идол – тоа би било спомен што би го задржал во мојата посебна меморија“.

ПретходноЈокиќ нема да игра за Србија на Светско, ќе ги нема и Мициќ и Калиниќ
СледноАлушовски: ГРК Охрид има високи цели во новото првенство