Едноставно не знаат за доста со тие свои провокации. Па така сега дојде на ред спортот, односно фудбалот, и тоа преку ФК Вардар, симболот на Македонија и Македонизмот.
Се разбира дека тука мислиме на бугарските провокации кои во последните години тоа како се засилија кон Македонија, кон Македонците.
Имено сега преку извесна бугарска “Фондација Македонија“, која го користи името и лого на ФК Вардар, собираат пари за клуб во Македонија.
Влогот е 15.000 евра и сега се собираат пари тој клуб да заживее во нашата земја и да имало бугарски клуб во Македонија за првпат по 1944 година.
Се разбира дека ова се скандалозни провокации и веднаш треба да се преземат чекори од страна на властите а посебно од Агенцијата за млади и спорт.