Новак не оди во Торонто: Со мојот тим смета дека ова е вистинската одлука

2888

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на турнирот од Мастерс серијата во Торонто.

Во објава на официјалниот Твитер профил на турнирот, кој се одржува од 5 до 13 август, беше објавено дека Новак го откажал учеството „поради замор“.

„Неговото повлекување значи дека четвртфиналистот на Вимблдон, Кристофер Еубенкс автоматски се префрла во главниот ждреб на турнирот“, се додава во соопштението.

Официјалната веб-страница ги објави и изјавата на Новак Ѓоковиќ.

„Отсекогаш уживав во мојот престој во Канада, но по разговорот со мојот тим, мислиме дека ова е вистинската одлука. Би сакал да му се заблагодарам на Карл Хејл, директорот на турнирот, за разбирањето на оваа одлука. Навистина се надевам дека ќе имам и други можности да играм во Канада, и во Торонто, пред големи гледачи“, изјави Новак.

ПретходноНеверојатно: Поради домашните миленичиња ќе му пропадне трансферот вреден 45 милиони евра!
СледноХируршки прецизно: Модриќ со фантастична асистенција за пресврт на Реал (ВИДЕО)