ЛК: Струга ТЛ и Шкупи ги дознаа своите евентуални ривали за 3.квалификациско коло!

934

Денеска во Нион се одржа и ждрепката за 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Во “шампионскиот пат“ Струга Трим Лум за ривал, ако ја мине пречката Будуќност во второто квалификациско коло, ќе го има победникот од двомечот меѓу ТНС (Велс) и Свифт Хеспер (Луксембург). Секако дека ова е добра ждрепка за стружани.

Шкупи пак ако го мине Левски Софија во втората квалификациска рунда, тогаш во третата за ривал ќе го има победникот од двомечот меѓу Хапоел Бер – Шева (Израел) и Паневезис (Литванија).

Да споменеме дека овие евентуални мечеви за двете наши екипи во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции се закажани за 10 и 17 август.

ПретходноСостанок со претставниците на клубовите од Прва ЖФЛ (ФОТО)
СледноУжас: Легендарниот голман среде ТВ пренос се онесвести и падна… (ВИДЕО)