Саудиска Арабија станува земја за добра заработка на врвните спортисти. По „бумот“ во фудбалот, на ред дојде ракометот.
По неофицијалната информација дека Микел Хансен добил понуда од шест милиони евра, денеска „Моцарт Спорт“ излезе со информација дека Петар Ненадиќ би можел кариерата да ја продолжи токму во Саудиска Арабија.
Средниот бек половина сезона ја мина во ПСЖ, а додека претходно настапуваше во Веспрем.
Исто како и за Хенсен, засега не се открива името на клубот, кој сака да го потпише Ненадиќ.