Португалски репрезентативец го засили РК Вардар 1961! (ФОТО)

516

Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) го засили Вардар откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.

Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Претходно Вардар потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек)

Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија каде има настапено на 24 натпревари.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Нилтон ги мина лекарските прегледи и веќе неколку денови тренира со тимот, и ќе продолжи со подготовките за новата сезона. Покрај Скопје, тимот заминува за Маврово каде ќе остане повеќе денови и ќе собира сила пред да почне да игра контролни средби.

Покрај Нилтон Мело, за Вардар досега потпишаа и Кубанецот Хансер Микел Родригез, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.

 

ПретходноСтојан Ѓуроски: Натпреварите во Талин ќе бидат од големо значење за она што следува понатаму!
СледноСинот на Леброн Џејмс колабирал на тренинг, итно префрлен во болница!