Трабзонспор чекаше осум години да му се одмазди на Работнички…и денеска дочека!

1113

Денеска во пријателски натпревар во Словенија, Работнички е поразен од турскиот гигант Трабзонспор со 4:1. Ова беше и еден вид на мала одмазда на турскиот тим и тоа по чекање од цели осум години. Се разбира дека тука мислиме на она што се случуваше летото 2015 година кога Работнички тогаш на сензационален начин го елиминира Трабзон во 3.квалификациска рунда во Лигата на Европа и се пласира во плеј – офот.

Главни актери на тој двомеч беа сегашните тренери на Работнички, Милан Илиевски и Баже Илијоски, како и херојот Кире Маркоски кој и денеска настапи.

Да кажеме дека стрелци на головите за Трабзон беа Гомез во 8.минута, потоа Работнички израмни со автоголот на Чакир во 17.минута за 1:1.

Следуваа головите на Бакасетас, Елмали и Дестан за конечни 4:1.

Енис Барди не настапи денеска во тимот на Трабзонспор, а Работнички во Словенија ќе одигра и со Ал – Етифак на Стивен Џерард и Дарко Велковски.

ПретходноБарди со дресот на Работнички! (ФОТО)
СледноФК Вардар: Го решивме проблемот, Вардар ќе игра во ПМФЛ!