Играч на Левски не успеа да влезе во Македонија! Полициска придружба за Бугарите до Скопје

1538

Џереми Петрис, бекот на Левски, инаку интернационалец од Франција, беше вратен од македонско – бугарската граница, едноставно не успеа да влезе во Македонија како и сите останати играчи на Левски. Имено тој си го заборавил пасошот па јасно е дека не можеше да биде пуштен од наша страна.

Сепак, како што велат бугарските медиуми, Петрис дополнително ќе дојде во Скопје.

Инаку експедицијата на Левски Софија, која утре во 21 часот игра со Шкупи на Арената “Тодор Проески“ веќе е во Скопје, од граница па се до главниот град на Македонија, автобусот со играчите на Левски беше придружуван од полиција. Секако дека и во Скопје, за време на престојот, тимот на Левски ќе има голема полициска придружба.

ФОТО: Sportal.bg

ПретходноФФМ: Сите прволигаши добија лиценци, утре ќе биде познат распоредот за претстојната ПМФЛ сезона
СледноМладеновски: Најважно е со каков состав ќе отпатуваме за Талин, но никогаш нема да се предадеме!