Младеновски: Најважно е со каков состав ќе отпатуваме за Талин, но никогаш нема да се предадеме!

90

Љубомир Младеновски повторно се врати во репрезентативниот строј. Тој доаѓа во време кога селекторот, Александар Јончевски не може да смета на Бојан Крстевски, кој ќе го прескокне само овој циклус.

„Самите имиња против кои ќе се натпреваруваме, само по себе говорат за тоа колку силен ќе биде тој турнир. На нас ни останува ништо друго освен да го дадеме својот максимум. Да видиме прво во кој состав ќе отидеме таму.  Тоа е малку незгоден термин, летен период. Играчите одат во клубовите, почнуваат подготовките за новата сезона. И се зависи од тоа во каков состав ќе се појават. Ако дојдат комплетни, веројатно би ни било доста потешко. Од причина што се поквалитетни од нас…  Но ние никогаш не би се откажале. Секогаш ќе се бориме. Резултатот е 0:0 на почетокот. Топката е тркалезна, и може се да се случи“.

Младеновски шанса за победа гледа против Естонија, но очекува и да приредат изненадување против Чешка или Израел.

„Претпоставувам дека од овие селекции кои ќе бидат таму, Естонија е некоја со најслаб квалитет. И веројатно е дека таму треба да гледаме некоја наша шанса за победа. И сега, зошто да не, да изненадиме некоја од селекциите на Чешка или Израел. Повторно ќе кажам, во зависност од тоа во кој ростер тие репрезентации ќе дојдат. Секако дека е голем предизвик, секој играч мечтае да игра против играчи од таков калибар и да се покаже во најдобро светло“.

ПретходноИграч на Левски не успеа да влезе во Македонија! Полициска придружба за Бугарите до Скопје
СледноСити го победи Баерн во Токио (ВИДЕО)