Костов и Краев на прес: Левски ќе се чувствува како дома да игра!

889

Во пресрет на утрешниот прв дуел од двомечот во 2.клвалификациско коло во ЛК, меѓу Шкупи и Левски Софија, свој коментар попладнево на пресот имаше стратегот на бугарскиот тим Николај Костов.

Тој на присутните новинари им изјави:

Знаеме многу за Шкупи, ги анализиравме два нивни последни меча. Во принцип знаеме со кој состав ќе настапи нашиот противник. Верувам во тимот, играчите се трудат и јас се радувам поради тоа. За нас најважно е што ќе дојдат нашите навивачи, и јас им благодарам што ќе дојдат да дадат поддршка на Левски“.

Играчот за врска на Левски, Адриан Краев пак посочи:

Атмосферата во нашиот тим е супер, посебно по победата над Ботев. Нема тим во Европа кој може да се потцени, тоа не смеме да го направиме. Со оглед дека ќе дојдат наши навивачи ќе се чуствуваме како дома“.

ПретходноСтружани со прв европски триумф, но пропуштија да го “наполнат“ Будуќност!
СледноВуков ги прослави првите бодови во Унгарија и замина за Белгија