Фудбалерите на Пелистер славеа со 3:1 на пријателскиот меч со Охрид одигран денеска во Битола. Второлигашите кои следната сезона влегуваат во трка за влез во елитата, денеска одиграа квалитетен меч во кој видовме и четири гола.
Головите за победата на битолчани беа дело на Љамчевски 31′, Талески 73′ и Христов 85′, додека единствениот гол за Охрид го постигна Лога 32′.