Бојан Маџовски е на добар пат да отвори нова страница во својата кариере. Македонскиот репрезентативец се поврзува со тимот на Ловќен, кој направи бум ова лето.
Црногорскиот клуб ќе настапува во Европската лига, па токму затоа ангажираше бројни ракометари, меѓу кои и поранешниот капитен на Пелистер, Мирко Радовиќ.
Маџовски неофицијално е веќе договорен и за кратко време треба да биде промовиран како ново засилување на тимот од Цетиње, кој го ангажираше Перо Милошевиќ на тренерската позиција, а потипаа уште Милорад Бакиќ, Вук Лакичевиќ, Филип Борозан, Иван Перишиќ и Михаил Шчекиќ. Дојде и тренерот Перо Милошевиќ.