Кире Ристевски се враќа на Кипар

307

Искусниот македонски интернационалец, Кире Ристевски откако ја заврши епизодата во тимот на Пјунук од Ереван, летово има нова дестинација. Тој се враќа на Кипар каде што веќе играше за екипата на Аел Лимасол, а сега станува дел од екипата на Етникос Ахна.

Ристевски имаше опција да замине и за Србија, односно Грција, но ја одбра очигледно за него проверената варијанта, Кипар.

Ристевски со години беше дел од македонската репрезентација, и има 58 настапи за неа.

 

ПретходноМЗТ Скопје Аеродром оди на сигурно, Васко Атанасов тренер и следната сезона
СледноРК Алкалоид ја почнува ЕЛ со Војводина дома!