Некогашниот двократен европски првак од денеска има и нов спонзор, еден од неколкуте што треба да бидат според нјавите во РК Вардар 1961.
За тоа за кого станува зборм, Вардар и официјално ја информираше јавноста со соопштение:
„Повеќекратниот македонски ракометен првак Вардар веќе почна да ја добива поддршката од бизнис заедницата во Македонија. Со тоа почнува најавениот процес на финансиска стабилизација на тимот и создавање на спонзорски тим кој во иднина треба да му помогне на Вардар да се врати на врвот, во Македонија и во Европа.
Со задоволство потврдуваме дека компанијата Бествеј Солушнс ќе биде дел од спонзорскиот тим на „црвено-црните“ во иднина.