Попладнево во Чаковец, се одигра пријателски меч меѓу Работнички и Ал – Етифак, тимот од С. Арабија предводен од иконата на Ливерпул, Стивен Џерард. Тим за кого денеска својот трансфер го официјалиираше и Џордан Хендерсон.
Пред мечот стратегот на тимот од С. Арабија доби дрес од Работнички, во меѓувреме, и двата клубови преку своите претставници си разменија подароци.
Кога сме кај мечот Ал – Етифак немаше милост кон “романтичарите“. Победи со убедливи 4:0. На овој меч не настапи нашиот Дарко Велковски, кој како некогашен член на Работнички, исто така доби дрес од “романтичарите“.