Брајтон уште еднаш го одбил Челзи за трансфер на Мојсес Каиседо. Како што објавија предмалку неколку англиски медиуми, Челзи денеска понудил 93 милиони евра за фудбалерот за врска, но Брајтон веднаш ја одбил понудата затоа што смета дека Каиседо вреди повеќе.
Фабрицио Романо тврди дека преговорите меѓу двата клуба не се затворени, но прашање е дали Челзи ќе оди со понуда над 100 милиони евра. Некои медиуми веќе објавија дека Брајтон поставил фиксна цена од 100 милиони фунти за Каиседо и ниту една која ќе биде под таа бројка нема да се разгледува.