Шкупи промашуваше, а Бугарите казнија…. Левски води на полувреме на Арената (ВИДЕО)

1177

Екипата на Шкупи иако имаше повеќе можности за постигнување на гол, сепак на полувреме губи  со 0:1, во дуелот против бугарски Левски на Арената во Скопје, во рамките од второто коло од квалификациите за Конференциската лига.

Нашиот претставник имаше три ситуации од кои можеше да реализира но не искористи ниту една па казната стигна. Во петтата минута Дуду не искористи кардинална грешка на Андреев кој неспретно реагираше на една топка, која остана во нозете на Бразилецот, но тој тој шутираше преку гол иако истиот беше празен.

Следубаше ситуацијата од 29. минута кога Пинтер од корнер искористи одличен центаршут, скока највисоко напетерецот, упати удар со глава но Андреев овојпат одбрани супер.

Противникот ги казни овие промашувања две минути подоцна, во 31. минута кога Велтон награди добра акција на неговиот тим и го совлада Илјази од десетина метри централно.

Сепак, најголемата шанса Шкупи ја имаше во самиот финиш на полувремето кога Цефас излезе сам пред Андреев го лобуваше, целата Арена ја виде топката веќе во голот но на самата го линија, а можеби и во голот спаси  Кордоба. Штета.

ПретходноБрајтон одби 93 милиони евра од Челзи за Каиседо!
СледноНавивач на Левски прободен со нож и пренесен во болница