„Мини“ кадетски Евробаскет во Скопје!

102

На една недела пред официјалниот почеток на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години, нашата федерација ќе биде во улога на организатор на уште еден исклучително силен турнир. Односно една група од кадетскиот Евробаскет кој од 5. до 13. август ќе се одржи во нашиот главен град.

Од 28. до 31.јули, на ред е меѓународниот турнир во кадетска конкуренција на кој освен нашиот национален тим ќе играат и репрезентациите на Шпанија, Грција и на Израел.

Ова ќе биде и последната, но и најквалитетна проверка за избраниот тим на селекторот Александар Јованчев во пресрет на оној официјален турнир во кој на едно место ќе биде собрана европската кадетска кошаркарска елита.

Односно 16. национални тимови кои ќе се борат за титулата најдобар во Европа во категоријата на играчи „Под 16“ години.

Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (влезот е слободен), а нашите млади кошаркари ќе го отворат со дуелот против селекцијата на Израел во мечот кој е закажан на 28. јули (сабота) од 18.30 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

28.ЈУЛИ (САБОТА)

18.30: Македонија – Израел

29. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

18.30: Грција – Македонија

21.00: Израел – Шпанија

30.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.30. Македонија – Шпанија

21.00: Грција – Израел

31.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

18.30: Шпанија – Грција

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

ПретходноСинот на Леброн е пуштен од болница: Ви благодарам за пораките со љубов и молитви
СледноГостивар го потврди Потук