Левски со соопштение по повод уапсените и повредени навивачи во Скопје

619

Тимот на Левски од Бугарија вчера гостуваше во Скопје во рамките од второто квалификациско коло од Конференциската лига, и дуелот со Шкупи, кој го доби со 0:2.

Овој натпревар имаше своја претходница со случувањата на улиците на нашиот главен град, и нередите кои ги предизвикаа навивачите на Левски кои пристигнаа во Скопје.

Дел од нив беа повредени во инциденти, дел уапсени, а клубот од Софија денеска излезе со официјално соопштение поради целата ситуација.

„ПФК Левски ја изразува својата поддршка до сите поддржувачи погодени од инцидентите во Скопје. Клубот е во постојан контакт со бугарскиот амбасадор во главниот град на Република Северна Македонија, претставниците на бугарската полиција кои патуваа со делегацијата на Левски и обезбедуваат целосна помош за ослободување на нашите сонародници кои се приведени. Веднаш по инцидентите на стадионот во Скопје и приведувањето на нашите симпатизери, преземени се мерки од клубот и амбасадата на Република Бугарија во Скопје, во лицето на амбасадорот Ангел Ангелов и конзулот Георги Христов, да ги заштитат и да им го обезбедат потребниот статус во моментов“ – се вели во соопштението.

 

ПретходноУправниот одбор на РФМ ги распредели средствата од Агенцијата за Млади и Спорт
СледноГотово е: Садио Мане кај Кристијано Роналдо во Ал Наср