Денеска попладне фудбалски празник во Кавадарци. По 23-пат ќе се одржи меморијалниот турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ и тоа во организација на ФК Тиквеш и секако градските власти на Кавадараци.
Како што е вобичаено во последните години и сега ќе учествуваат три екипи а ќе се игра по “италијански систем“ секој со секого по едно полувреме или по 45 минути.
Покрај Тиквеш денеска на овој турнир гости ќе бидат и екипите на Гостивар и Кожув.
Секако дека и овојпат се очекува атрактивен и квалитетен фудбал како што е тоа вообичаено кога се работи за меморијалот “Вуко Каров“.